7 септември

Текст: 1 Кор. 6:920

 

ТЕЛО И ДУША

 

„... прославете го Бог во своите тела и во своите души, кои се Божји“. 1 Кор. 6:20.

 

Човечкото тело, кога во него нема живот, не се разликува мно­гу од земјата од која е создадено. Во првата книга во Биб­ли­ја­та, е опишано како Бог го создаде човекот „од земниот прав и му дув­на во носот животворен дух, и човекот стана жива душа“. Пред да му даде Бог на Адам „животворен дух“, тој беше само еден куп земја. Можеби неговото тело било совршено об­ли­ку­ва­но, со сите органи, но сè уште било куп земја.

Некој ја разложил хемиската градба на телото на просечен чо­век од 70 kg, кое, покрај другите елементи, содржи доволно сул­фур за да можат да се уништат болвите кај едно куче; доволно фос­фор за да се направи едно кибритче; доволно калциум за да се ва­ро­са една мала кучешка куќарка; доволно маст за 6 сапуни; до­вол­но шеќер за да се засладат 5 филџани чај; доволно железо кол­ку за една паричка; доволно водород за да се наполни едно буре од 45 литри со вода и доволно азот за да се дигне во воздух една ку­ќа! Вкупната вредност на сите овие елементи изнесува околу еден долар!

Колку повредно станува телото кога ќе му се дарува живот. Тоа може да оди, да зборува, да се смее, да плаче, да пее, да слу­ша, да гледа, да мисли и да измислува. Но, телото станува уште по­за­чу­дувачко кога Божјиот Дух ќе се всели во него. Тоа станува храм на Светиот Дух и дел на Христовото тело. Колку е потребно да ги чуваме нашите храмови чисти, бидејќи тие му припаѓаат Нему.

 

„Каде што е Духот Божји, има мир;

Каде што е Духот Божји, има сè;

Има зраци и в најтемна ноќ,

има живот нов, има мирен сон,

каде Духот, каде Духот Божји е!“  (ХП45)

 

„БОГ НЕ СЕ ГРИЖИ САМО ЗА ТВОЈАТА ДУША,

ТУКУ И ЗА ТВОЕТО ТЕЛО!“  (види Рим. 12:1, 2).