14 септември           

Текст: Изреки Солом. 11:2330

 

БЕЗНАЧАЈНИОТ АНДРЕЈ

 

„Тој (Андреј) прв го најде својот брат Симон... и го доведе кај Исус“. Јован 1:41, 42.

 

Еден верник го сретнал својот проповедник два дена по не­дел­ната служба и го прашал: „Не можев завчера да дојдам во црк­ва; кажи ми што проповедаше?“ – „Мојата проповед беше во врс­ка со Андреј“. – му одговорил проповедникот – „И да знаеш само кол­ку интересна личност е тој Андреј!“ – „Кој, Андреј? Па, јас од­вај и се сеќавам на него. Тој не напишал ниедна книга; што нај­де толку интересно кај него?“ – прашал верникот. – „Па – одгово­рил пасторот – вистина е дека многумина не би го нарекле голем чо­век, но важно кај него е тоа што секогаш кога се споменува во Еван­гелијата, тој некого доведува кај Исус! Во Јован 1:42, Андреј го доведува кај Исус својот брат Симон; во Јован 6:8, 9 тој дове­ду­ва кај Исус едно момче со пет леба и две риби, со кои потоа на чу­ден начин се нахрануваат 5000 луѓе; во Јован 12:22 Андреј упа-ту­ва кај Исус двајца Грци кои сакале да Го видат“.

Ако повеќе размислиме за Андреј, ќе сфатиме дека без не­го­ва­та служба не ќе го имавме големиот проповедник на Педесет­ни­цата. Според преданијата, еден од двајцата Грци, коишто Ан­д­реј ги запознал со Исус, бил евангелистот Лука. Без сомнение, име­то на Андреј ќе биде овенчано на небото како Божји слуга кој до­ведувал изгубени души кај Исус.

И ти можеш да бидеш полезен како него. Можеби нема да на­пи­шеш ниедна книга, ниту да проповедаш, ниту да пееш во хо­рот, но затоа можеш да им сведочиш на другите за Исус. Во црк­ви­те би имало помалку празни клупи кога би имало повеќе кои би се инспирирале од службата на „безначајниот“ Андреј!

 

„О, појди и кажи за Тој цар,

појди и кажи на некого збор два за Исус.

Појди и утеши некој, кој не чул за Исус.

Знај има луѓе осамени, луѓе напуштени,

луѓе кои бараат да најдат малку мир“.  (ХП185)

 

„ДАЛИ ДЕЛОТО Е ГОЛЕМО ИЛИ МАЛО,

САМО БОГ ДА КАЖЕ ИМА ПРАВО!“