| |
 |
Noviot
Zavet
Христијанските Свети Книги на современ македонски
јазик. Вратете се кон изворот на Христовото и Апостолско учење,
директно од Новиот завет.
Новиот завет е колекција на ранохристијанските Евангелија и
Посланија кои заедно ја сочинуваат сржта за Христовиот живот, за
Неговото учење и за Апостолската мисија. Оваа книга е основата на
секое христијанско учење, па затоа претставува одлична можност да се
запознаете директно со христијанството. Прочитајте ги директно
Христовите и Апостолските зборови, од писанија на Евангелистите
Матеј, Марко, Лука и Јован, како и од Апостолите Павле, Петар, Јован
и други.
Овој превод на Новиот Завет (оригнално напишан на старогрчки) е
објавен во 1999 година и претставува прв современ и динамичен превод
на македонски јазик. Преку ваквиот вид на превод, на вистински начин
можете да ја откриете ризницата на ранохристијанската духовна
литература која го обликувала и се уште го обликува христијанство во
светот. |
„Сакам да ги знам Божјите мисли. Сето останато е само ситница.“
Алберт Ајнштајн |
|