English languageМакедонски јазик
 

 
   

Ранохристијанската (Никео-Цариградска) Вероисповед

Символ на верата

  • Верувам во Единиот Бог Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;

  • И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови: Светлина од Светлината, вистински Бог од Бога вистински; роден, нестворен, едносуштен на Отецот, преку Кого сè станало;

  • Кој, заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од Небото и се вплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек;

  • И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, и страдаше, и беше погребен;

  • И воскресна во третиот ден, според Писмото;

  • И се вознесе на Небото и седи оддесно на Отецот;

  • И пак ќе дојде со слава, да им суди на живите и мртвите, и Неговото Царство ќе нема крај;

  • И во Светиот Дух, Господ, кој живот твори, Кој исходи од Отецот, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот, и Кој говорел преку пророците;

  • Во едната, света, соборна и апостолска Црква;

  • Исповедувам едно крштение, за простување на гревовите;
    Го чекам воскресението
    на мртвите;

  • И животот во идниот век. А М И Н

Ранохристијанската вероисповед (или Символ Верују) е Црковен документ од 4. век. Таа е единствената вероисповед направена со согласност на целокупното христијанство.

 

 

 Кликни овде за Апостолската Вероисповед.

 
 

© Христијанска црква „Радосна Вест“ - Благоја Давков 10 - 1000 Скопје - +389 2 3213 457