|

Дали Библијата е
веродостојна книга?
Библијата е
најчитана и најпреведувана книга на сите времиња. Нејзината содржина
речиси никого не го остава рамнодушен: или човек е пленет од
нејзината вистинитост и сила, или пак е подеднакво ревносен во
својата увереност дека таа е само мит.
Во
последните 2 века особено, извршени се илјадници испитувања и
истражувања за вистинитоста на Библијата. Испитувани се нејзините
географски, историски, археолошки, научни и литературни тврдења, па
сo нивна помош, можно е да се изгради добро информиран став околу
веродостојноста на Библијата.
За
докажување на веродостојноста на секој стар документ, па и на
Библијата, се користат три вида на тестирање: внатрешен тест,
библиографски тест и надворешен тест. Внатрешниот тест се однесува
на хармонијата, усогласеноста и доследноста на текстот, како и на
проценка за кредибилитетот на писателот / писателите.
Библиографскиот тест пак опфаќа повеќе работи, но најважни се:
бројот на расположливи ракописи, нивната датумска близина со
случките што ги опишуваат и нивното меѓусебно сложување. И како
трет, надворешниот тест, кој пред сe
се
однесува на археолошки и историски наоди кои би ја потврдиле
веродостојноста на документот. Според овие критериуми, Библијата е
ненадминливо најверодостојната книга што ја има човекот!
1.
ВНАТРЕШЕН ТЕСТ
а)
Хармонијата на Библијата
Библијата е пишувана во период од 1600 години, од повеќе од 40
писатели, за време од 60 генерации, на три континенти (Европа, Азија
и Африка); писателите биле од најразлични сталежи: цареви,
политичари, рибари, лекари... во палати и во пустина, во радост и во
тага, на слобода и во ропство... а сепак, низ Библијата проткајува
неверојатна хармонија и усогласеност! Всушност, впечатокот е, дека,
иако писателите се многубројни, АВТОРОТ на книгата е еден! Токму тоа
е вистината!
“Целото Свето Писмо е од Бога вдахновено...”
(изјава на апостол Павле, запишана во новозаветната книга 2 Тимотеј
3:16).
б)
Кредибилитетот на писателите
Библиските писатели јавно ги запишале и своите гревови и каења,
падови и неверства... (Давид, Петар, Павле...).
Библијата зрачи со искреност на писателите!
2.
БИБЛИОГРАФСКИ ТЕСТ
Повеќе би можеле да се сомневаме во делата на Јулиј Цезар,
Аристотел, Платон... отколку во делата на евангелистите и
апостолите!
Разгледајте ја внимателно табелата што следува, обрнувајќи особено
внимание на трите важни елементи на библиографскиот тест, имено:
-
бројот
на
расположливи
ракописи,
-
нивната
датумска
близина
со
случките
што
ги
опишуваат
и
-
нивното
меѓусебно
сложување.
Табеларна
споредба на познати световни дела со Новиот Завет:
|
АВТОР |
ДЕЛО
(НАСЛОВ) |
ВРЕМЕ НА ПИШУВАЊЕ |
НАЈРАН
ПРЕПИС |
БРОЈ НА ПРЕПИСИ |
|
Јулиј Цезар |
Галските војни |
100-40 г.
пред Христа |
900 г.
по
Христа |
10 |
|
Платон |
Тетралогија |
427-347 г.
пред Христа |
900 г.
по
Христа |
7 |
|
Тацит |
Анали |
100 г.
по
Христа |
1100 г.
по
Христа |
20
|
|
Херодот |
Историја |
480-425 г.
пред Христа |
900 г.
по
Христа |
8 |
|
Софокле |
разно |
496-406 г.
пред Христа |
1000 г.
по
Христа |
100 |
|
Демостен |
разно |
383-322 г.
пред Христа |
1100 г.
по
Христа |
200
(во една копија) |
|
Аристотел |
разно |
384-322 г.
пред Христа |
1100 г.
по
Христа |
5 |
|
Плиниј
помладиот |
разно |
61-113 г.
по
Христа |
850 г.
по
Христа |
7 |
|
Хомер |
Илијада |
800 г.
пред Христа |
|
643 |
|
АПОСТОЛИТЕ
и
евангелистите
|
НОВИОТ
ЗАВЕТ
и
делови од него |
50-100 г.
по
Христа |
130-500 г.
по
Христа |
25
000 !!! |
Најстарите
ракописи на Новиот Завет / Библијата
|
ИМЕ НА РАКОПИСОТ |
ПОТЕКНУВА ОД |
СОДРЖИ
ТЕКСТ ОД |
СЕ
ЧУВА ВО МУЗЕЈОТ |
|
“Џон Риланд” |
130 г. |
Новиот Завет |
Манчестер |
|
Папирусот
“Честер Бити” |
200 г. |
Новиот Завет |
Даблин |
|
Кодекс Синаетикус |
350 г. |
Речиси целиот
Нов Завет |
Британски
Музеј |
|
Ватикански Кодекс |
350 г. |
Речиси
целата Библија |
Ватикан
(библиотека) |
|
Александриски Кодекс |
400 г. |
Речиси целата Библија |
Британски
Музеј |
|
Ефремов Кодекс |
400 г. |
Речиси целиот Нов Завет |
Национал.
Библиотека
Париз |
3.
НАДВОРЕШЕН ТЕСТ
3.1.
Археолошки тест
Библијата
е вистинска ризница на географски, историски и етнолошки податоци.
Честопати, единствена која им дала податоци на археолозите.
Многубројни се археолошките докази кои директно или
индиректно ја потврдуваат веродостојноста на Библијата. Некои од тие
археолошки податоци се:
а)
Кодексот на Хамураби (доказ за писменост и законодавство во време на
Мојсеј и порано);
б)
Глинената библиотека од Ебла (во која, меѓу другото, се содржат и
географски имиња од Библијата);
в) Шталите
за коњи на Соломон;
г)
Резиденцијата на Понтиј Пилат во Цезареја и др.
Некои
археолошки значајни написи се објавени и во весникот „Нова
Македонија”.
3.2.
Историски тест (пророштва, кодови)
Библијата е уникат меѓу „светите книги”
и по тоа
што, додека во Куранот, Ведата, исказите на Буда и на Конфучие
воопшто нема пророштва, речиси 30% од Библијата се пророштва.
Нивните исполнувања се силен доказ за веродостојноста на она што е
запишано во Библијата.
Еве
само некои примери:
Ø
800-1000 години пред Христос, во Старозаветните библиски книги
(Исаија, Михеј, Псалми и др.) се претскажани детали за Христос,
вклучувајќи ги: местото на неговото раѓање, раѓањето од девица,
распнувањето меѓу злочинци, предавството од негов ближен, жрепката
за неговата облека, итн.).
Ø
Распрснувањето на Евреите меѓу сите народи
(Книга на пророкот Јеремија, глава 24:9; Ев. Лука 21:24)
-
се случи многу одамна и сè уште е присутно.
Ø
Повторното враќање на Евреите во нивната земја
(Јеремија 30:3 и други цитати)
- се
случи во 1948 г., кога Израел оформи држава, по 2 милениуми откако
ја загуби државноста и земјата.
Ø
Губењето на Ерусалим и повторното заземање (Ев. Лука 21:24)
-
се исполни во 1973 г.
Ø
Појавата на разни “Месии” (Матеј 24:5)
-
Чарлс Мејсон, Џим Џонс, Сан Мун ...
Ø
Зголемен број војни и бунтови (Матеј 24:6)
-
сè повеќе ги има!
Ø
Зачестување на земјотресите (Матеј 24:7)
-
Скопје, Кина, Турција, Ерменија... (Додека го пишувам ова, денес, на
23.05.2002 г., се јавува за посилни земјотреси на Крит, во
Египет и во Јапонија кои се случија денес!)
Ø
Криминалот во пораст, љубовта во опаѓање (Матеј 24:12)
-
само отворете дневен печат!
Ø
Вовед во фатални еколошки катастрофи (Откровение 8:8-12)
-
натаму одиме!
Скриени
кодови?
Во последно време, некои математичари, новинари и
научници тврдат дека во Библијата има и голем број кодирани
информации кои можат да се дешифрираат. Во една книга на оваа тема,
насловена како Библискиот код од М. Дроснин, авторот тврди дека ги
дешифрирал: спуштањето на човекот на Месечината во 1969 г., судирот
меѓу кометата Шумејкер-Леви со Јупитер во 1994 г., атентатот врз
Јицак Рабин во 1995 г., итн., од библиските текстови напишани пред
речиси 3000 години!
Без намера да шпекулирам, не би ме чудело ако во
Библијата има многу повеќе информации отколку што тоа на прв поглед
ни изгледа, бидејќи нејзин вистински автор е совршениот Бог!
КАКО СМЕ
ЈА ДОБИЛЕ БИБЛИЈАТА?
(Канонизација на Светото Писмо)
“Целото
Свето Писмо е од Бога вдахновено...”
(изјава на апостол Павле, запишана во новозаветната книга 2 Тимотеј
3:16).
“Пред сè
треба да знаете дека ниту едно пророштво во Светото Писмо не е
нечија самоволна објава... туку Светиот Дух ги поттикнувал и водел
Божјите луѓе да го зборуваат она што им било наложено од Бог”
(изјава на апостол Петар, запишана во новозаветната книга 2Петар
1:20-21).
На кој начин Бог ја пренел Својата порака до писателите на Светите
книги и, конечно, до сите луѓе? Меѓу луѓето постојат повеќе теории
за тоа, меѓу кои се: Интуитивната теорија, Мистичната теорија,
Теоријата на делумна инспирација, Механичката теорија, Теоријата на
глобален концепт, и др.
Но најголемиот број христијани веруваат дека Светото Писмо е
вербално, пленарно и органски боговдахновено. Тоа значи: секој
збор (вербално), целината на содржината и концептот (пленарно) и
личните способности за изразување на секој писател (органски) биле
под Божјо раководство, за да се запишат Божјите вистини.
Процесот
на преносот на Божјите објави до човекот може да се прикаже вака:

Значењата
се следниве:
1. Бог
открива, човекот слуша и гледа: ОТКРОВЕНИЕ
2. Бог
контролира, човекот пишува: БОГОВДАХНОВЕНИЕ
3. Бог
обезбедува, човекот препознава: КАНОНИЗАЦИЈА
4. Бог
надгледнува, човекот препишува: ТРАНСМИСИЈА
5. Бог го
испорачува Своето Слово до сите народи: ПРЕВОДИ
6. Бог
просветлува, човекот разбира: ИЛУМИНАЦИЈА
7. Бог
открива, човекот толкува: ИНТЕРПРЕТАЦИЈА
8. Бог
помага, човекот применува: АПЛИКАЦИЈА
Значи:
1) Како ги
дознаваме Божјите објави? Преку Откровение! Бог им ги открил на
избраните писатели.
2) Како
се запишани Божјите објави? Преку Вдахновение од Бога, до избраните
писатели! (Вербално, пленарно и органско вдахновение).
3) По
каков процес во Библијата доспеале само вистинските книги? Преку
Канонизација, контролирана од Господ!
4) Како е
обезбедено точно препишување на оригиналите? Преку Трансмисија,
според строги правила!
5) Како да
ја проучуваме Библијата, ако не ги знаеме оригиналните јазици на кои
е напишана? Преку Преводи кои ги разбираме!
6) Како
можеме да ги разбереме објавите во Библијата? Преку Илуминација!
(Светиот Дух го прави тоа за искрените трагачи).
7) Како се
толкува Библијата? Преку процесот Библиска интерпретација.
8) Како да
живееме според Божјата волја? Преку Апликација на запишаното во
Библијата.
|