А КАДЕ ВИ Е МЕБЕЛОТ?

Забележана е една случка за неколку христијани кои патувале кон исток. Патем слушнале дека во едно село живее некој мудар и побожен човек, па решиле да го посетат. Кога го нашле, виделе дека стариот мудрец живеел во една сиромашна колиба, а во неа: маса, столче, стар шпорет и неколку ситници. Посетителите биле малку изненадени па еден од нив прашал: – „А каде ви е мебелот?“ – „А каде е вашиот?“ – одговорил стариот мудрец. – „ Како каде, па, се разбира, дома! Секако нема да го влечкам со себе. Јас сум само на пропатување.“ – „И јас сум само на пропатување.“ – им објаснил стариот Божји човек.

varo-cane-conservatory-furniture-ideas

Овој мудар човек го применувал основниот Библиски принцип: христијанинот мора да се стреми кон вечното, а не кон краткотрајните земни работи. Споредени со богатствата кои верните ги чекаат на небото, материјалните нешта стануваат безвредни. За да се зачуваме од привлечноста на световните богатства што можат да ни попречат во нашата послушност кон Господ Исус Христос, секој од нас да се праша: „Каде е мојот мебел?“

Како христијани на овој грешен свет сме само патници на минување. Не сме постојани жители, туку чекаме да си заминеме кон нашето небесно живеалиште. Затоа, нашето патување во овој свет треба да биде „лесно“, да не се преоптоваруваме со непотребни материјални работи. Колку повеќе собираме скапи и луксузни работи, нашиот пат кон небото станува се потежок.

„Возљубени ве молам како придојдени и гости да се пазите од телесните желби.“ (1 Петрово посл. 2:11)

Од книгата УТРИНСКА РОСА – Откровение