ИСУС НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ПРЕД ПРВИОТ ВЕЛИГДЕН – СРЕДА

С Р Е Д А (меѓу Цветници и Велигден)

На Исус му преостануваа уште неполни три дена овоземен човечки живот. Како би ги поминал ти, кога би знаел дека тоа ти се последните три дена од животот на овој свет?
Се чини дека Исус си зеде „тајм-аут“. За да се фокусира на своето заминување од овој живот и свет. Да, мислеше на својот погреб (Ев. Марко 14:1-9). Веројатно правеше резиме на својот овоземен живот.
Мудро ќе направиме ако одвреме-навреме и ние размислуваме на завршницата на својот овоземен живот. Што постигнавме, на што го потрошивме времето и здравјето, ресурсите и талентите…? Тоа би можело да ни помогне да извршиме корекции во своите приоритети и да им посветиме поголемо внимание на вечните вредности, на сметка на земните, кои се краткотрајни.