ЦВЕТНИЦИ ПРЕД 1980 ГОДИНИ… И ДЕНЕС

Тогаш Исус имаше едвај 33 години… а му остануваа уште само пет дена од овоземниот живот. Ако ти беше на Негово место, како ќе ги проживееше? Што ќе направеше како кулминација на својот живот?

Првиот ден се претвори во Парада. Исус минуваше по главната улица на главниот град. Ако ти беше таму, ќе појдеше ли на Парадата? Ќе кажеше ли нешто? Ќе направеше ли нешто? Ќе постелеше ли нешто пред Неговите нозе?
Последната вечер беше збогување со пријателите. Како ќе се збогуваше ти, ако беше на местото на Исус?
Последниот ден (Велики петок) беше соочување со крстот. И со крстот и на крстот. Соочување со предавства од пријателите и бруталност од непријателите… а часовите ти се одброени. Што ќе направеше ти на местото на Исус?


БИБЛИСКА БЕСЕДА ВО ХБЦ Радосна вест – Скопје, вечерва од 18 ч.
Со Иван Грозданов на говорницата. Повелете.