(2) ОД ЦВЕТНИЦИ ДО ВЕЛИГДЕН – Осум дена кои ја променија перцепцијата за животот, смртта, воскресението, прошката, надежта…

ДЕН 2. ПОНЕДЕЛНИК
На овој ден Исус изврши две важни дејствија: (1) Чистење на храмот од сите примеси на трговија во спрега со религијата. (2) Проколна една неплодна смоква, која со своите листови даваше лажна надеж дека има плод.
Исус побара достоен плод и во храмот и на смоквата. Со право се налути кога не најде плод. Има црвена линија кога ќе го налутиме Господ.

Исус и денес ги чисти храмовите – нашите срца и души, ако во нив имаме примеси од религија и трговија. Симптоматично е што Исус го направи тоа во Понеделник. Мнозина од нас одат во црква во недела. Од понеделник Господ очекува побожни плодови во нас, после нашата неделна побожност. Ги има ли? Или, се китиме само со „неделно лисје“, а веќе во понеделник во нас нема вистински плод? Да не затреба и во нашите храмови Исус да прави понеделничка чистка …