ИСУС НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ПРЕД ПРВИОТ ВЕЛИГДЕН – ЧЕТВРТОК

ЧЕТВРТОК Ден на длабоки емоции за Исус. Проштална вечера со своите ученици, целоноќна молитва во Гетсеманија, изневерување од своите, наместено и злобно сослушување пред Синедрионот... апсење, наместено судење... Интересно, Исус ја прослави Пасхата со своите ученици, а не со своето семејство. Знаете зошто: тие му беа семејство. Кога човек има емоционални тешкотии, најдоброто место за него е меѓу браќата е сестрите по вера. Жалам што мнозина не го практикуваат тоа. Жалам што огромното мнозинство од христијаните денес се откажаа од заедничките молитвени часови и од бенефициите на семејното дружење во црквата. Секако, најголеми губитници сте вие, кои им свртевте грб на овие дружења и молитви. Не ги споделувате своите потреби со духовното семејство, па и немате поддршка со молитви за вашите животни потреби. Губите, сигурно. А не е сеедно пред Бога. Се разбира, губитници сме и ние кои доаѓаме во скромен број, зашто понекогаш се чувствуваме како сирачиња или како бездомници кои немаат ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ИСУС НА ДЕНЕШЕН ДЕН, ПРЕД ПРВИОТ ВЕЛИГДЕН – СРЕДА

С Р Е Д А (меѓу Цветници и Велигден) На Исус му преостануваа уште неполни три дена овоземен човечки живот. Како би ги поминал ти, кога би знаел дека тоа ти се последните три дена од животот на овој свет? Се чини дека Исус си зеде „тајм-аут“. За да се фокусира на своето заминување од овој живот и свет. Да, мислеше на својот погреб (Ев. Марко 14:1-9). Веројатно правеше резиме на својот овоземен живот. Мудро ќе направиме ако одвреме-навреме и ние размислуваме на завршницата на својот овоземен живот. Што постигнавме, на што го потрошивме времето и здравјето, ресурсите и талентите...? Тоа би можело да ни помогне да извршиме корекции во своите приоритети и да им посветиме поголемо внимание на вечните вредности, на сметка на земните, кои се краткотрајни. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

(3) ОД ЦВЕТНИЦИ ДО ВЕЛИГДЕН – Осум дена кои ја променија перцепцијата за животот, смртта, воскресението, прошката, надежта…

ВТОРНИК На тапет е ставен авторитетот, овластувањето на Исус Христос да ја критикува работата во храмот и да им пресудува на бесплодните. „Со каква власт го правиш тоа?“ – го прашуваа корумпираните свештеници и фарисеите. Тие сметаа дека само „Светиот синод“ на Јудејците може да „хиротонисува“ владици и проповедници на Божјите вистини. А Исус не беше „хиротонисан“ од нив, па, демек, немал легитимитет. Но Исус имаше многу посилен аргумент: Тој ја говореше вистината, Тој беше послушен на сите Божји заповеди. Оттаму произлегуваше Неговото право да проповеда и да критикува. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

(2) ОД ЦВЕТНИЦИ ДО ВЕЛИГДЕН – Осум дена кои ја променија перцепцијата за животот, смртта, воскресението, прошката, надежта…

ДЕН 2. ПОНЕДЕЛНИК На овој ден Исус изврши две важни дејствија: (1) Чистење на храмот од сите примеси на трговија во спрега со религијата. (2) Проколна една неплодна смоква, која со своите листови даваше лажна надеж дека има плод. Исус побара достоен плод и во храмот и на смоквата. Со право се налути кога не најде плод. Има црвена линија кога ќе го налутиме Господ.