ОД ЦВЕТНИЦИ ДО ВЕЛИГДЕН – Осум дена кои ја променија перцепцијата за животот, смртта, воскресението, прошката, надежта…

НЕДЕЛА (Цветници) Овој ден за Исус Христос започна со весела парада, а заврши со солзи во очите на Спасителот. Парадата беше прослава на Неговиот живот и дело – и сосема заслужено. Солзите дојдоа по парадата, кога Исус констатира: „НЕ ГО ПРЕПОЗНАВТЕ ВРЕМЕТО КОГА БОГ ВЕ ПОСЕТИ ЗА ДА ВИ ПОНУДИ СПАСЕНИЕ“ (Ев. Лука 19:44).

ЦВЕТНИЦИ ПРЕД 1980 ГОДИНИ… И ДЕНЕС

Тогаш Исус имаше едвај 33 години... а му остануваа уште само пет дена од овоземниот живот. Ако ти беше на Негово место, како ќе ги проживееше? Што ќе направеше како кулминација на својот живот? Првиот ден се претвори во Парада. Исус минуваше по главната улица на главниот град. Ако ти беше таму, ќе појдеше ли на Парадата? Ќе кажеше ли нешто? Ќе направеше ли нешто? Ќе постелеше ли нешто пред Неговите нозе? Последната вечер беше збогување со пријателите. Како ќе се збогуваше ти, ако беше на местото на Исус? Последниот ден (Велики петок) беше соочување со крстот. И со крстот и на крстот. Соочување со предавства од пријателите и бруталност од непријателите... а часовите ти се одброени. Што ќе направеше ти на местото на Исус? БИБЛИСКА БЕСЕДА ВО ХБЦ Радосна вест – Скопје, вечерва од 18 ч. Со Иван Грозданов на говорницата. Повелете. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Повелете денес од 18ч.

НЕСПОРНО, ГОСПОД ЈА САКА НЕДЕЛАТА. ЈА НАРЕКУВА „ДЕН ГОСПОДОВ“. НО ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ТОЈ Е ЕДНАКВО ЗАИНТЕРЕСИРАН СО НЕГО ДА СЕ ДРУЖИМЕ И ВО ПОНЕДЕЛНИК И ВО ВТОРНИК, И ВО СРЕДА ... Денешната богослужба во ХБЦ Радосна вест - Скопје е во 18 ч. Повелете.

За молитвата

Зошто велиме дека Бог не одговорил на нашата молитва кога Тој јасно ни одговорил со „не“? Зошто не го прифаќаме тој одговор? Зар Бог ни мисли лошо? Чии план и замисли се подобри, нашите или Божјите? И зошто го нарекуваме Господар, а не сакаме да ја потчиниме нашата воља под Неговата? Ако Исус молеше да не биде Неговата воља, туку вољата на Отецот, тогаш колку повеќе ние краткогледите грешници треба да го молиме истото? Преку молитвата ние бараме Бог да ја спроведе Неговата воља на Земјата, а не нашата воља да биде спроведена на Небото.