Разлики меѓу православна и баптистичка црква

С П О Р Е Д Б И

ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

БАПТИСТИЧКА ЦРКВА

Се врзува за нација (етнофилетизам), согласно својата традиција.

Не се врзува за нација, согласно Христовото и апостолското учење.

Наклонетост кон сојузништво со државата и со политиката.

Одвоеност на Црквата од државата и од политиката.

Има вонбиблиски преданија како извор на верувања и практикувања.

Само Светото Писмо е извор за верата и за практиката. Нема преданија.

Литургиски, обредни и ритуални богослужби, по примерот на старозаветното свештенство.

Богослужби со поучни проповеди од Библијата, по примерот на Христос и апостолите.

Употреба на икони: целивање, поклонување и третман на реликвија.

Не употребува икони. Спротивно е на Божјите уредби.

Палење свеќи во црква како дел од практикувањето на верата.

Нема палење свеќи во црква. Нема такво учење и пракса кај Христос и апостолите.

Прекрстување со рака.

Нема прекрстување со рака. Немало такво учење и пракса кај Христос и апостолите.

Крштава и бебиња, врз основа на верата на родителите, на кумот и сл.

Крштава само возрасни, врз ос­нова на нивна лична вера и одлука, согласно Христовото и апостолското учење и практикување.

Промовира вера во свештеничко посредување кај Бога за простување гревови и за спасение.

Неопходност од лично пока­ја­ние и вера за прошка и спа­сение. Христос и апостолите не учеле посредување.

Има монаштво и свештенство со хиерархија.

Нема ни монаштво ни свештенство. Има пастори, проповедници, старешини.

Во состав на Стариот завет има 50 книги (39+11), согласно Септуагинтата (грчки превод на еврејските свети книги).

Во состав на Стариот завет има 39 книги, согласно оригиналниот еврејски канон (без 11-те Девтероканонски книги).

Практикува ритуално осветување на простории, предмети и сл., како што тоа го прават свештениците од други религии.

Не практикува ритуално осветување на простории, предмети и сл., како што не практикувале ни Христос ни апостолите.

Воспоставила најмалку седум свети тајни.

Нема категорија „Свети тајни“.

Верува и учи дека при Света­та Причест, ле­бот и виното буквално се прет­вораат во телото и крвта на Христос.

Верува и учи дека лебот и виното се само симболичен приказ на телото и на крвта (т.е. на смртта) Христова.

Определува задолжителни пости, внесува црковни категории на дозволена (посна) и недозволена храна.

Пост во спрега со молитва како лична или групна од­лука. Нема црковно дозво­лена и недозволена храна.

Промовира вера во светци и заштитници кои самата ги прогласува, и поттикнува на упатување молитви до нив.

Верува и учи дека Бог одоб­рил само еден Посредник, Исус Христос, а молитви се упатуваат само до Бог.

Користи реликвии (крст, мошти, бројаници, свети води и др.) и верува во нивна чудотворна моќ.

Не користи никакви реликвии и на предмети не им припишува чудотворна моќ.

Има строго пропишана архитектура за своите храмови.

Нема строго пропишана архитектура за своите храмови.

Понаклонета кон мистицизам во вероисповедта.

Понаклонета кон прагмати­зам во вероисповедта.

Не поттикнува индивидуално и семејно читање и проучување на Библијата.

Силно поттикнува индивидуално и семејно читање и проучување на Библијата.

Упатува на користење црковен Молитвеник со готово-срочени молитви.

Упатува на искажување сопствени молитви, согласно потребите и чувствата.

Има хиерархиска свештеничка управа.

Има собраниска управа во Црквата.

Свештеничките услуги ги наплатува.

Крштавање, венчавање, погреб и сл., извршува за свои членови и не наплатува.

Нема жени во Светиот синод и сл.

Може да има жени во Црковниот одбор и сл.

Нема јасни ставови по однос на библиските пророштва за иднината.

Има јасни ставови по однос на библиските пророштва за иднината.

Прифаќа и пагански обичаи и преданија за Божиќ, Велигден, Духовден и др.

Не прифаќа ни пагански обичаи ни преданија во христијанството.

Забранува брак за епископите и за секое звање над нив.

Бракот е благословен за сите луѓе. Исклучоците се лични.

Свештениците користат посебна црковна гардероба (свештеничкка одора, великодостојнички мантии).

Пасторите немаат посебна црковна гардероба; се облекуваат согласно нормите во локалната средина.

Верува во митарства (40- дневни патешествија на душата на покојниот, при што дава отчет на демоните).

Душата на покојниот веднаш заминува или во рајот или во адот, согласно Христовото учење (Лука 16:19-31; 23:43).

Поттикнува и практикува молитви за покојници, за нивно спасение.

Молитви и евангелие само за спасение на живите. Нема основ за спасение по смртта.

Свештените лица си бараат почести со бакнување на нивната рака или мантија, и со почесно титулирање (ословување).

Пасторите не бараат и не примаат никакви посебни почести и титулирања кои би ги воздигале над другите браќа и сестри во црквата.

Блажената Марија се почитува како царица и владетелка на Небото, се верува дека е пресвета, пречиста, најголема, итн. (има над 40 титули).

Се почитуваат само нејзините библиски титули: блажена, благодатна и благословена меѓу жените. Единствено Господ е цар и владетел и на Небото и насекаде.

Најголем авторитет за верникот се свештениците. Тие ја претставуваат црквата, која, пак, го претставува Бога.

Најголем авторитет за секој верник е Божјото Слово – Библијата, Светото писмо. Христос е глава на Црквата.

Нема спасение надвор од Православната црква.

Нема спасение без жива лична вера и прифаќање на Христос. Не е пресудно на која црква припаѓаш.

Нема легитимитет без признание од другите Православни Цркви.

Има и локален и светски легитимитет, и никој не е овластен да ѝ го дава или да ѝ го одзема.